Свет 26. септември 2018. / 15:11

Золтан Ковач: “Нуклеарната опција” на ЕУ е лов на вештерки и политичка одмазда

Золтан Ковач: “Нуклеарната опција” на ЕУ е лов на вештерки и политичка одмазда

Парламентот на ЕУ ги прекрши своите правила со активирањето на т.н. нуклеарна опција против Будимпешта, изјави портпаролот на унгарската влада за „Раша тудеј“, нагласувајќи дека Членот 7 кој дозволува да ѝ се наметнат санкции на една земја е политичка одмазда.

„Унгарија ќе го оспори правниот процес – или поточно политичкиот процес кој беше камуфлиран како правен процес – во парламентот на ЕУ”, рече Золтан Ковач. Тој верува дека гласањето на Европскиот парламент за активирање на Членот 7 со кој ќе се дозволат казнени мерки против Унгарија, е спротивно на повелбата и кршење на правилата на ЕУ. Членот 7 од Договорот од Лисабон од 2007 година, често нарекуван “нуклеарна опција”, е дизајниран да се применува ако постои јасен ризик од сериозно кршење на вредностите на ЕУ од страна на една земја-членка и дозволува да се наметнат санкции.

Пратениците гласаа за активирање на постапката од член 7 против Унгарија на 12 септември. Ковач смета дека оваа одлука е политичка одмазда против Унгарија за она што Будимпешта го направи во изминатите осум години, со посебен акцент на унгарскиот став против нелегалната миграција. Според Ковач, европските левичарски и либерални функционери почнале да ги користат прашањата за човековите права, владеењето на правото и корупцијата како „црвена буква” против Будимпешта.

„Тие се обидуваат да не притегнат во ќош од кој мораме да се браниме. Тоа е политичко уценување, тоа е лов на вештерки. Унгарија сепак ќе продолжи да се залага за својата верзија на тоа се случува во Европа со посебен акцент на илегалната миграција” рече Ковач, кој во неколку наврати изрази противење на квотите за мигранти на ЕУ.

Според Ковач, актуелната ситуација во Европа е “бизнис модел на границата на Европа”, каде што трговците со луѓе и организациите за човекови права им помагаат на нелегалните имигранти да дојдат до ЕУ.

„ Овие луѓе одат против правниот систем во кој треба да постои ЕУ. Унгарија реагира на реалноста на теренот и властите ќе воведат остри мерки против оние кои работат заедно со трговците со луѓе и експлицитно им помагаат на нелегалните мигранти да ја преминат границата. Нашата намера е да ги вратиме работите на нозе и да го вратиме законот и редот на границите на Европа,“ додаде тој.

Прашан дали Унгарија некогаш може да го напушти блокот, тој одлучно одговори негативно.

„Ние нема да го напуштиме ниту ЕП ниту Европа. Унгарија отсекогаш припаѓала на европското семејство на држави,“ рече Ковач.