Свет 08. ноември 2019. / 23:15

Животот на Џулијан Асанж во затворот е загрозен, тврди неговиот татко

Животот на Џулијан Асанж во затворот е загрозен, тврди неговиот татко

Џон Шиптон, таткото на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави дека на неговиот син му се заканува смрт во британскиот затвор.

Шиптон изјави дека пред два дена го посетил синот и два часа минал со него.
-На Џулијан му се заканува смрт во затворот по деветте години прогонство бидејќи ја откри вистината за воените злосторства. Тој е многу ослабен и целосно депримиран – изјави Шиптон.
Шиптон додаде дека не е праведно некому да му се суди само затоа што открил злосторства.
На 11 април Асанж беше исфрлен од Амбасадата на Еквадор во Лондон во која се засолни во 2012 година, по што британската полиција веднаш го уапси.

САД побараа екстрадиција на Асанж по 18 точки од обвинението за шпионажа,  а доколку биде осуден за шпионажа и предавство со објавување на тајните државни документи, му се заканува повеќедецениска затворска казна.