Одењето на пауза за ручек, од работа, не е така едноставно кога температурите изнесуваат 50 степени Цилзиусови.
Ова е реалноста за работниците во Дубаи, за време на летните месеци, па затоа мораа да изнајдат креативно решение за достава на храна.
Користејќи ја технологијата, поточно дроновите, во овие тешко достапни предели, за еден ден биле доставени 900 хамбургери.
Многу компании во овој дел од светот започнаа да ги користат беспилотните летала за да си го олеснат секојдневниот живот.