Свет 17. March 2019. / 18:16

Жителите на Нов Зеланд масовно купуваат оружје

Жителите на Нов Зеланд масовно купуваат оружје

Во Крајстчерч е забележана рекордна продажба на оружје, откако премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн најави заострување на Законот за поседување на оружје, по нападите во двете џамии, каде животот го загубија 50 лица.

-Поради најавата, бројни купувачи во продавницата „Ган сити“ купуваат оружје бидејќи подоцна нема да можат да дојдат до ‘омилените играчки- пишува британскиот весник „Гардијан“.

Вработените во продавниците велат дека слична гужва виделе само кога имало распродажба.

Според последното истражување, цивилите во Нов Зеланд поседуваат околу 1,2 милиони парчиња оружје, што по бројот на жители е повеќе отколку во Австралија.

Законот за поседување на оружје не претрпел измени од 1992 година, кога контролата беше заострена по масакрот во Аамоани, кога напаѓач со полуавтоматска пушка уби 13 лица.