Свет 01. април 2020. / 10:06

Зголемениот број нови заразени ја предизвикува Јапонија да воведе вонредна состојба

Зголемениот број нови заразени ја предизвикува Јапонија да воведе вонредна состојба

Бројот на новозаразени од корoна вирусот во Јапонија забразнао се зголемува и земјата се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба, изјави шефот на кабинет на премиерот Јошиде Суга.

Иако во Јапонија има околу 2.200 заболени, а починаа 66 лица, што е многу помалку отколку во другите делови на светот, земјата бележи зголемување на новите инфекции. Така, во Токио само вчера имало регистрирано нови 76 случаи.

Јапонската Влада ќе направи се што треба да ги минимизира последиците од вирусот, меѓудругото и врз економијата – изјави Суга.

Одлуката за воведување вонредна состојба, сепак, се уште не е донесена, иако на социјалните мрежи има се повеќе повици тоа да се направи.