Шведската Агенција за кривична статистика „Бре“ посочува дека има зголемување на бројот на пријавени сексуални напади во Шведска при што повеќе од шест отсто од жените велат дека биле жртви на сексуални злосторства изминатата година, пренесува „Спутник“.
Агенцијата објави дека бројот на жени на возраст од 18 до 84 години кои доживеале некаков сексуален напад, се големил од 4,7 отсто од населението во 2016 година, на 6,4 отсто во 2017 година.
Според агенцијата, „помеѓу 2006 и 2012 година, нивото беше релативно стабилно, но од 2013 година, процентот жени што тврдат дека биле изложени на сексуални престапи покажува јасен пораст”.
Марија Содерстром, истражувач во „Бре“, го коментираше извештајот велејќи:
-Важно е да се има предвид дека сексуалниот престап е категорија на криминал што опфаќа широк спектар кривични дела од насилни сексуални коментари до многу тешки кривични дела, како што е силувањето.
Шведскиот радиодифузер СВТ беше жестоко критикуван поради откривањето на „потпалувачките” статистики кои докажуваат дека мажите родени во странство извршуваат околу 85 отсто од силувањата во земјата и претставуваат мнозинство во осудените за силување и обид за силување во последните пет години. Притоа, половина од мигрантите биле во земјата помалку од една година пред нападот.
Претходно годинава, агенцијата обелодени дека вкупниот број на пријавени случаи на силување се зголемил за 10 отсто во споредба со 2016 година со пријавени над 7.000 случаи. Силувањето и другите сексуални злосторства беа главна тема во пресрет на мигрантската криза од 2015 година, при што некои тврдеа дека мигрантите и оние со мигрантско потекло се диспропоционално вклучени во сексуалните напади.