Свет 22. октомври 2018. / 15:28

Зголемен бројот на деца на северот од Шведска кои сакаат да го променат полот

Зголемен бројот на деца на северот од Шведска кои сакаат да го променат полот

Шведскиот северен регион забележал нагло зголемување на бројот на деца кои бараат помош за полова дисфорија во последниве неколку години, вели Камила Ернстон која работи како медицинска сестра во специјализиран центар во Умеа што се занимава со половата дисфорија кај децата.

Ернстон вели дека до 2013 година центарот забележал околу едно дете годишно, но бројот сега се зголемил на 16-17 пациенти годишно, пренесува радиодифузерот СВТ.

„Има многу луѓе кои се чувствуваат несигурни и затоа можат да дојдат кај нас откако ќе бидат оценети од психијатар за деца и адолесценти. Повеќето се биолошки девојчиња, но има и момчиња. За почеток го забавуваме пубертетот со инјекции. Во некои случаи, почнуваме со хормонска терапија. Многу е важно како се справуваме со младите луѓе и дека немаме предрасуди,” вели Ернстон.

Голем број шведски предучилишни установи започнаа да експериментираат со иновативни начини за заматување на разликите помеѓу момчињата и девојчињата.

Универзитетската болница во Умеа, каде што се наоѓа центарот, тврди дека многу пациенти чекаат додека не се возрасни пред да продолжат со какви било планови за промена на полот, но оние што доаѓаат како деца се обично на возраст од 15 до 18 години.

Шведска се смета за една од најпрогресивните земји кога станува збор за трансродови и ЛГБТ прашања, а во шведските предучилишни установи често се користи неутрална заменка за род што децата учат да ја користат како дел од владината наставна програма. Темата на трансродовите лица се појави дури и во книгите за мали деца, како што се книгата „Хастен и Хусе“, во која се прикажани маж кој сака да се облекува како жена и коњ што верува дека е куче.