Свет 04. мај 2020. / 14:37

Згасна продажбата на нови автомобили во Шпанија

Згасна продажбата на нови автомобили во Шпанија

Во Шпанија во април речиси да немало продажба на нови автомобили, бидејќи мерките против корона вирусот, кои беа едни од најстрогите во светот,  ја блокираа шпанската економија.

Како што соопшти Асоцијацијата на производители на автомобили „Анфак“, регистрациите за нови автомобили се намалени за речиси 97 проценти на годишно ниво, најниско за последните 20 години.

Нови 4.163 автомобили се регистрирани пред строгите мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Шпанија, која е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата, постепено почна да ги олабавува своите мерки.