Сириската армија ги зајакнува артилериските напади во провинцијата Дера и според воените експерти, силите лојални на претседателот Башар Ал Асад се подготвуваат за голема офанзива.
Сириската армја продолжува со гранатирањето на позициите на сириските милитанти на југозападот на земјата, зајакнувајќи го притисокот од ден во ден – нешто што би можело да биде увертира во голема офанзива.
Имено, сириската армија најверојатно се подготвува за голема офанзива која што ќе има главна цел да ја врати контролата над територијата на целиот простор на југозападот од земјата.
Опозицискиот извор “SOHR” открива дека 12,500 цивили побегнале од градот Бусра Ал Харири на просторот во провинцијата Дера во последните два дена, што е јасен доказ за жестоките артилериски напади и планот за големата офанзива на сириската армија.
Факт е дека се подготвува голема офанзива, а тоа според аналитичарите ќе биде најризичната операција досега – не поради милитантите, затоа што и тие се добро вооружени, туку поради фактот што Израел и Јордан не сакаат да ја видат сириската армија со сојузниците на овој простор.
Ако се додаде фактот дека на истото подрачје американските воени сили неодамна ги бомбардираа позициите на сириската армија, тогаш сето тоа може да се сфати и како предупредување до сириската армија да не тргнува понатаму кон југозапад.