Свет 06. октомври 2018. / 20:13

Жестока тепачка во авион: Патници повредени – реагирале и воени авиони

Жестока тепачка во авион: Патници повредени – реагирале и воени авиони

Холандското воздухопловство испрати два ловци Ф-16 да го следат патнички авион на компанијата КЛМ на линијата Абу Даби-Амстердам, откако агресивен патник започнал тепачка.

„Американец стар 29 години стана агресивен, бидејќи му беше речено да седи на своето место. Следеше тепачка, а членовите на екипажот и патниците успеале да го совладаат“, изјави портпаролката на војската Џоана Хелмондс.

Во тепачката неколку патници полесно се повредени.

Авионот Ербас А330-200 доби дозвола да слета на аеродромот во Амстердам – Шипол и полицијата го уапсила насилникот кој потоа е упатен на психијатриски преглед.

Портпаролката на КЛМ Хелен Макинг рече дека холандската авиокомпанија жали поради инцидентот и дека кабинските членови постапиле согласно процедурите.

Военото воздухопловство наведе дека ловците, наоружени со проектили, не се летаат освен во исклучителни околности.