Жените од денеска за прв пат ќе можат да возат низ автопатиштата во Саудиска Арабија, откако стапи на сила одлуката со која им се укинува забраната за возење.
Одлуката за укинување на таа забрана, која се смета за симбол на репресија, беше донесена во септември од страна на кралот Салман, како дел од реформите кои ги спроведува крунисаниот принц Мухамед бин Салман, пренесе Ројтерс.
-Спремни сме и тоа целосно ќе ги промени нашите животи.- изјави 47-годишната Самира ал Гамди, една од првите жени која во Саудиска Арабија ќе добие возачка дозвола.
Забраната за жените да седнат зад воланот била единствена во светот и поради неа, пустинското кралство со години било на мета на критичарите од странство.