Свет 08. март 2021. / 18:58

Жените во ЕУ имаат за 14 отсто пониски плати од мажите: Австрија, Германија, Естонија и Летонија со најголема разлика

Жените во ЕУ имаат за 14 отсто пониски плати од мажите: Австрија, Германија, Естонија и Летонија со најголема разлика

Европската агенција за статистика (Евростат) објави дека бруто заработката на жените во ЕУ за еден час е во просек 14,1 процент пониска од заработката што ја имаат мажите.

Евростат констатира дека нерамнотежата во заработката меѓу жените и мажите е најголема во Естонија (21,7 отсто), Летонија (21,2 отсто), Австрија (19,9 отсто) и Германија (19,2 отсто).

На другиот крај од скалата, разликите се најмали во Луксембург (1,3 отсто), Романија (3,3 отсто), Италија (4,7 отсто) и Белгија (5,8 отсто).