Свет 24. јуни 2018. / 21:26

Жените од Саудиска Арабија слават откако ја добија можноста да возат за прв пат

Жените од Саудиска Арабија слават откако ја добија можноста да возат за прв пат

Жените од Саудиска Арабија слават по улиците, откако ја добија можноста да возат за прв пат по последните неколку децении. Ваквиот пресврт доаѓа откако кралството ја укина единствената светска забрана за жените да управуваат моторизиран превоз.

Откако забраната беше подигната на полноќ, жените во Ријад и другите градови почнаа да возат по улиците, пуштајќи музика од зад воланот.