Здравствена работничка од Португалија починала по два дена откако ја примила вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, пишува „Дејли мејл“.
Соња Ацеведо (41) доживеала ненадејна смрт дома на првиот ден од новата година, 48 часа по добивањето на вакцината. Обдукцијата е најавена за денеска или најдоцна утре.
За мајката на две деца, која работела на педијатрија на португалскиот Институт за онкологија во Порто, не е констатирано дека претрпела некои позначајни несакани ефекти по вакцинирањето.
Таткото на Ацеведо, Абилијо Ацеведо, за португалскиот дневен весник „Кореио да Манха“ изјавил: Беше добро. Немаше никакви здравствени проблеми. Таа доби вакцина против Ковид-19, но немала никакви симптоми. Не знам што се случи. Јас само барам одговори. Сакам да знам што доведе до смрт на ќерка ми.
Надредените на Ацеведо потврдиле дека починатата жена била вакцинирана против коронавирус на 30 декември и додале дека не биле известени за какво било „непожелно дејство“ кога таа била боцната или неколку часови после тоа.
-Во врска со ненадејната смрт на оперативниот асистент од ИПО во Порто на 1 јануари 2021 година, Управниот одбор го потврдува настанот и изразува искрено жалење до семејството и пријателите со уверување дека оваа загуба и тука силни се чувствува, се вели во изјавата на португалскиот Институт за онкологија
Во соопштението додаваат дека за објаснувањето за причината за смртта ќе следат вообичаените процедури во овие околности.
Ќерката на Ацеведо, Ванија Фигуередо, рече дека нејзината мајка само се жалела на нормална непријатност во областа каде што била боцната, но инаку била добро.
Оваа здравствена работничка била една од 538 работници во Порто ИПО кои ја примиле вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“.