Свет 16. мај 2018. / 10:32

Земјите заземаат страна: Отповикан палестинскиот претставник во Вашингтон

Земјите заземаат страна: Отповикан палестинскиот претставник во Вашингтон

Откако САД ја префрли својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим и се повлече од Нуклеарниот договор со Иран, започна повлекување на дипломатските претставници на инволвираните земји.

Прво Турција го врати дома израелскиот претставник, по што израел реагираше реципрочно.

Сега, палестинскиот претседател, Махмуд Абас, го отповика палестинскиот претставник во Вашингтон откако САД ја отвори својата нова амбасада во Ерусалим. Ова го соопштил главниот палестински преговарач, Саеб Ерекат, во изјава за една палестинска телевизиска станица.

Главниот претставник на Палестинската ослободителна организација во Вашингтон, Хасам Зомлот, веќе е на пат кон палестинската територија, објави „Ројтерс“.

Палестинското Министерство за надворешни работи потврди дека одлуката е донесена по пренесувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.