Естонија е можеби земјата како во економска така и во социјална смисла подготвено ја дочека пандемијата на Ковид-19.
Се стекнува впечаток дека нивото на паника во Естонија, земја која има релативно висок процент на заразени – 231, е најниско во Европа, пишува „Њујоркер“.
На многу начини, реакцијата на Естонија кон епидемијата од Ковид-19 не се разликува од реакцијата на поголемиот број на европски земји.
Тие ги затворија границите и училиштата, забранија деловни активности од секторот за забава и рекреација, а владата вети дека ќе покрие значителен дел од личните приходи изгубени од кризата. Исто така, имаше критики за недостаток на кохерентна стратегија за управување со кризи, вклучително и тестирање на Ковид-19.
И покрај сето ова, Естонците јасно веруваат дека сфатиле едно: тие не само што се борат со пандемијата на Ковид-19, туку се подготвуваат и за светот во кој ќе живееме кога ќе помине, пренесува „Блиц“.
Економијата е поврзана со технологијата, владата е дигитализирана и повеќето услуги во земјата можат да бидат електронски обезбедени или веќе дадени.
Практично е невозможно да се надмине Естонија кога станува збор за дигитализација. Луѓето гласаат на Интернет и користат дигитални рецепти. На само еден личен документ се чуваат сите личниинформации на секоја личност, вклучувајќи здравствени, даночни и полициски записи.
Едно лице може да добие дозвола за престој преку Интернет, што значи дека можете да се преселите во земјата преку Интернет.
Естонците велат дека личното присуство е потребно само во три случаи: брак, пренесување на имот и развод. Понекогаш е неопходно лично да се пријави раѓање на дете, но ова е исто така суспендирано поради Ковид-19 пандемијата.
Деведесет и девет проценти од домаќинствата се поврзани со широкопојасен интернет, а образовниот систем е светски лидер во развојот и употребата на електронските технологии.
Со други зборови, луѓето во Естонија не мора да се прилагодуваат на ситуации кога е неопходно да работат, учат и купуваат преку Интернет, како и во другите земји.
Естонија направи уште еден голем потег, во соработка со Европската комисија и една Сингапурска организација, лансирајќи онлајн акцелератор за кризни и пост-кризни проекти.
Проектот го води сегашниот естонски претседател Керсти Ка Каљуалид, првата жена и најмладата личност на функцијата во историјата на земјата.