Свет 01. декември 2018. / 12:29

Земјата не престанува да се тресе – вонредна состојба на Аљаска (ВИДЕО)

Земјата не престанува да се тресе – вонредна состојба на Аљаска (ВИДЕО)

По синиќешниот силен земјотрес од 7 степени по Рихтер , што ја погоди Аљаска, имаше уште десетици земјотреси со послаб интензитет.

Гувернерот на државата Бил Вокер прогласи вонредна состојба , а за страшниот земјотрес бил информиран и претседателот Трамп , кој е во Аргентина.

Епицентарот на земјотресот беше на околу 11 километри од главниот град Енкориџ , каде сега над 10 000 семејства се без електричана енергија, а оштетени се и неколку згради.

За сега нема информации за жртви или повредени. Во тек е проценката на материјалната штета , откако патиштата претрпеа големи оштетувања , како и повеќе куќи и згради.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии од моментот на земјотресот и паничната реакција на жителите.

Само во Енкориџ живеат над 300 000 жители , додека уште 100 000 во околните места.