Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зефер ќе се повлече од претседателската функција на Христијанската социјална унија (ЦСУ), јави ДПА, повикувајќи се на партиски извори.
Зехофер, исто така, им кажал на членовите на неговата партија дека планира да го напушти министерското место пред крајот на мандатот, кој завршува во 2021 година.
Се очекува во текот на неделава тој да ја објави одлуката за повлекување, а нов лидер би требало да биде избран на партиски конгрес, кон почетокот на следната година.
ЦСУ е сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.