Свет 26. мај 2020. / 01:29

Здравствениот систем во Чиле е пред колапс

Здравствениот систем во Чиле е пред колапс

Пандемијата на корона вирусот го доведе здравствениот систем во Чиле пред колапс, изјави шефот на државата Себастијан Пињера.

Свесни сме од фактот дека здравствениот систем е под огромен притисок. Многу сме блиску до колапс бидејќи се зголемени потребите и барањата за медицински третман, кревети на интензивна нега и респиратори – истакнува Пињера.

Во Чиле досега се потврдени речиси 70.000 заразени случаи со Ковид-19, а починати се повеќе од 7.000 луѓе.

Главниот град Сантијаго, кој е под строги мерки на изолација, е епицентар на епидемијата во таа земја. Изминатите денови во градот избија немири поради рестрикција и недостиг на храна, при што демонстранти се судрија со полицијата.