Основните училишта во Австрија почнаа со работа по двомесечната пауза поради епидемијата на корона вирусот, но во Виена е затворено едно училиште поради сомневање за појава на инфекција.
Директорката на училиштето од 18-та област во Виена вратилa дома 200 ученици бидејќи постоело сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19.
Наставникот пријавил боледување во саботата.
Децата биле вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.
Надлежните органи на градот Виена покренаа истрага за овој случај, а Министерството за образование најави изработка на план за вакви случаи.