Свет 02. август 2018. / 15:44

Затворена Ајфеловата кула поради штрајк на вработените

Затворена Ајфеловата кула поради штрајк на вработените

Симболот на Париз, Ајфеловата кула е затворена поради штрајкот на вработените, кои се жалат на долгите редови од туристи кои сакаат да се качат на 324 метри високата атракција.

Управата на кулата и синдикатот не успеаа да постигнат договор во врска со новиот систем за пристап на туристите до кулата, кој, како што тврдат вработените, создава огромни редици.

Ајфеловата кула е затоворена вчера во 16 часот и не се знае дали ќе биде затворена и денеска. Новиот систем, воведен минатиот месец, предвидува одделни лифтови за повеќе видови на карти, а вработените тврдат дека таквиот начин на работа е исцрпувачки, бидејќи мораат да се соочуваат со нервозните туристи.

Повеќе од 40 милиони туристи го посетија Париз минатата година. А повеќе од шест милиони се качиле на Ајфеловата кула.