Откако се урна рудник за злато во Јужноафриканската Република останаа заробени 13 јужноафрикански рудари, откри операторот “Sibanye-Stillwater”.
Компанијата објави дека стапила во контакт со тројца заробени во рудникот “Masakhane” и дека мобилизирале спасувачки тимови.
„Сите работат на лоцирање десетмина вработени на кои се уште не им се знае судбината и на сигурно спасување на сите заробени“, соопштија од комапанијта.
Јужноафриканската Република е дом на најдлабоките рудници на светот кои често се наоѓаат во геолошки ризични подрачја.