Свет 29. мај 2018. / 12:07

Застрелани двајца полицајци, напаѓачот убиен откако земал заложник

Застрелани двајца полицајци, напаѓачот убиен откако земал заложник

Маж застрелал двајца полицајци во центарот на источниот белгиски град Лиеж, јави новинската агенција Ројтерс.

Според локалната телевизија РТБФ, на чии информации се повикува Ројтерс, објавила дека напаѓачот, откако ги застрелал двајцата полицајци, земал жена како зложник, но бил убиен од полицијата.

Локалниот обвинител не бил достапен за коментар, објави Ројтерс..