Израелската војска распореди дополнителни безбедносни сили како засилување во Западниот Брег. Ваквата мобилизација на израелската војска доаѓа поради објавувањето на мировниот план за Блискиот исток од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Палестинците веќе го отфрлија планот, затоа што очекуваат силно да го фаворизира Израел и да и го отвори патот на земјата да анектира големи делови на Западниот Брег.
Исто така, Палестинците планираат протести со што се зголемува можноста од судири со израелските војници.
Израелската војска соопшти дека одлучила да го зголеми присуството во Јорданската долина со помош на пешадиски војници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно вети дека ќе ја анектира Јорданската долина, која претставува четвртина од територијата на Западниот брег.