Свет 21. мај 2020. / 11:15

Заробен наследникот на Ал Багдади на чело на Исламската Држава

Заробен наследникот на Ал Багдади на чело на Исламската Држава

Ирачката разузнавачка служба го уапсила Абдулнасер Кирдаш, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), кој важел за најсериозен кандидат за наследник на Абу Бакр ал Багдади на чело на џихадистичката група.

Уапсен е терористот Абдулнасер ал Кирдаш, кој требаше да го наследи криминалецот Ал Багдади на чело на ИД. Апсењето е извршено благодарејќи на прецизни разузнавачки податоци – се наведува во соопштението на ирачката Национална служба за безбедност.

Ал Кирдаш требало да го замени Ал Багдади, кој загина во акција на американските сили во сирискиот град Идлиб во октомври минатата година.

Апсењето на Ал Кирдаш е извршено само еден месец откако поранешниот шеф на ирачката разузнавачка служба Мустафа ал Кадими ја презеде премиерската функција во Ирак.