Свет 24. мај 2020. / 18:45

Заразени 164 рудари во најдлабокиот рудник на светот

Заразени 164 рудари во најдлабокиот рудник на светот

Во најдлабокиот рудник на светот, Мпоненг во Јужна Африка, 164 рудари се заразени со корона вирус, поради што рудникот ќе биде затворен на неопределено време.

Рудникот за злато, во сопственост на компанијата „Англоголд Ашанти“, повторно почна со ископувања на 22 април и со 50 отсто капацитет, а потоа беше затворен во текот на воведениот карантин.

Како што се наведува, рудникот е повторно затворен затоа што рударите биле загрижени од одлуката за повторно отворање поради неможноста да се спроведе мерката за физичко дистанцирање.

Рудникот Мпоненг се простира на околу четири километри длабочинап со што се смета за најдлабок рудник на светот од ниво на земјата.