Компанијата „Индитекс“, една од водечките светски ланци за продажба на гардероба, бележи финансиски губиток во првиот квартал во 2020 година и најави план за реструктуирање на работата вреден 2,7 милијарди евра со кој се предвидува затворање на околу 1.200 бутици шитум планетата.
Шпанската групација во чиј состав влегуваат продажните ланци „Зара“ и „Масимо Дути“ во наредниот период ќе се фокусира на зголемување на интернет продажбата за 25 отсто во вкупната продажба до 2022 година, пишува „Фајненшел Тајмс“.
„Индитекс“, кој го основа шпанскиот милијардер Амансио Ортега, во наредните три години ланира да потроши 900 милиони евра на подобрување на онлајн продажбата, но и на физичките продавници кои имаат добар промет.
Се проценува дека мрежата на квалитетни физички продавници во комбинација со мрежа на ИТ продавници ќе донесе долгорочен раст на продажбата за четири до шест отсто – се наведува во соопштението на компанијата.
„Индитекс“ за првите четири месеци во оваа година пријави нето загуба од 409 милиони евра за разлика од профитот од 734 милиони евра што го имаше во истиот период лани.