Главниот оперативен директор на операцијата „Варп Спид“ (Warp Speed) генерал Густав Перна во саботата изјави дека дистрибуцијата на Модерна вакцината во САД е веќе започната.
-Дистрибуцијата на вакцините Модерна веќе започна. Кутиите се полнат и се пакуваат денес. Камионите ќе започнат да ја дистрибуираат од утре, од страна на „ФеДекс“ и „УПС“, испорачувајќи вакцини и комплети до американскиот народ низ САД, рече Перна.
Тој на брифингот со новинарите додаде дека оваа недела, вкупно, меѓу Фајзер и Модерна, ќе бидат дистрибуирани 7,9 милиони дози од вакцината
Претходно, Администрацијата за храна и лекови ја овласти вакцината на Модерна.