Свет 05. март 2020. / 09:19

Запленети на 4,5 тони дрога во голема полициска акција во Италија

Запленети на 4,5 тони дрога во голема полициска акција во Италија

Во полициска акција на италијанската полиција, запленети се 4,5 тони марихуана, 36 килограми кокаин, 62 килограми хашиш и 4 литри масло од хашиш,чија вредност на пазарот достигнува вредност од 8 милиони евра.

Повикувајќи се на италијанските власти, Топ чанел, наведува дека за време на акцијата во која учествувале 100 полицајци, уапсени се 5 Албанци и 9 Италијанци.

-Меѓу уапсените е и шефот на крминалната група кој успеал да формира високо интелигентна мрежа на шверцеси. Групата поседувала брзи чамци кои натоварени испловувале од Драч и впловувале на италјанското крајбврежје. Седиштето на групата било во една гаража во Торино, сопственост на еден од уапсените Албанци, наведува телевизијата.

Кримналната група дрогата освен од Албанија ја шверцувала и од Јужна Америка, а главно била наменета за пазарот во Торино. Еден од уапсените исто така е обвинет за проституција.

Италјанската полиција објавила и шема за тоа како дрогата прстигнувала од Јужна Америка во Холандија а потоа во Торино, Италија.