Свет 11. декември 2020. / 12:56

Запленета рекордна пратка на кокаин во Малта, вредност над 70 милиони евра

Запленета рекордна пратка на кокаин во Малта, вредност над 70 милиони евра

Властите во Малта запленила пратка над 600 килограми кокаин во вредност од 70 милиони евра, наменета за Либија, соопшти денеска локалната царинска служба, цитирана од Ројтерс.

– Пратката кокаин пристигнала од Еквадор и Колумбија и била запленета синоќа, скриена во брод со контејнери на пристаништето на Малта, се вели во соопштението на царинската служба. Полицијата започна истрага, појаснува БТА.

Царината соопшти дека полицајците заплениле 510 пакувања, секој тежок по 1,2 килограми – рекордна количина на дрога запленета од контејнер.

– За да се добие подобра идеја, вкупно 750 килограми дрога (во вредност од 84,5 милиони евра) од 16 контејнери беа запленети од царината во текот на целата 2019 година, се вели во соопштението.