Свет 25. ноември 2019. / 11:59

Запленета подморница во Шпанија со 2000 килограми кокаин

Запленета подморница во Шпанија со 2000 килограми кокаин

Подморница со повеќе од 2.000 килограми кокаин е запленета во Шпанија, соопштија полициски извори.

Две лица се вели дека се приведени откако подморница  застанала  на брегот на Галиција на северозапад. Третото лице избегало, а за сите се вели дека се од Еквадор.

Шпанските медиуми објавија дека подморницата била од Колумбија, а полицијата се обидувала да открие дали дури и пловела од Јужна Америка.

Нарко подморниците се користат за шверц на дрога од Латинска Америка во САД. Оваа полу-подморница беше заземена во неделата на брегот на Алдан, југо-западно од Понтеведра.