Свет 18. мај 2019. / 09:54

Запленет хашиш вреден 50 милиони евра во Италија

Запленет хашиш вреден 50 милиони евра во Италија

Италијанската полиција во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра.

Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица, што пловела под турско знаме.

Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран.

Ова е шест брод кој превезува дрога, што италијанската полиција од минатото лето го запленува во Средоземното Море во реонот на Сицилија.