Свет 14. септември 2018. / 17:05

Западна Европа пред епидемија од свинска чума

Западна Европа пред епидемија од свинска чума

Белгија ја потврди појавата на африканска свинска чума со што се означи понатамошно ширење на болеста што ги погоди фармите во Источна Европа и Кина, а сега се заканува и на свинската индустрија во Западна Европа.

Франција веднаш реагираше на веста за угинувањето на дивите свињи во Белгија и нивното Министерство за земјоделство ја зголеми контролата во четири административни провинции што се граничат со Белгија, и презеде дополнителни мерки за заштита на свињарските фарми и кланици.

Ширењето на вирусот во Источна Европа веќе доведе до масакр на стотици илјади свињи, додека во Кина, која е најголем производител на свинско месо во светот, тоа доведе до забрана на транспорт на животни и исхрана на свињи со отпад од заразените провинции.

ЕУ е колективно вториот по големина производител на свинско месо по Кина и најголемиот извозник. Поголемиот дел од свињогојството е концентрирани во Германија, Данска, Франција и Шпанија.

Најновите случаи во Европа може да бидат поврзани со храната што ја фрлаат луѓето кои дошле од области каде што болеста е присутна, велат од белгиската Агенција за безбедност на храната.