Свет 02. јули 2018. / 15:08

Заменикот премиер на Италија – Матео Салвини најавува голем политички блок за растурање на ЕУ

Заменикот премиер на Италија – Матео Салвини најавува голем политички блок за растурање на ЕУ

Матео Салвини е заменик премиер на Италија и министер за внатрешни работи, лидер на Италијанската Лига, кој ветува дека „ќе ги ослободи Европејците“ на ист начин како што ја прошири антиестаблишментската коалиција со Движењето Пет ѕвезди.

Во обраќање пред собирот во северна Италија, популистот кој има политичка тежина ги објави програмата на Лигата како „последна надеж за Европа да остане жива“, ветувајќи дека веќе работи на слично движење во срцето на европската политика во Брисел.

„Размислувам за обеднинување на ваквите идеи во Европа, соединувајќи ги сите слободни и суверени движења кои сакаат да ги одбранат нивните луѓе и нивните граници“ рече Салвини пред насобраниот народ во Понтида.

Тој истакна дека Лигата ќе биде на чело на италијанската политика во наредните 30 години и дека ќе ја вгради својата политика во европската политика на наредните евро избори во мај 2019.

Бидејќи Велика Британија нема да учествува на наредните избори, тоа ќе значи дека Салвини или некој друг ќе треба да ги пополни 45. празни места на евроскептиците предводени од Најџел Фариџ и неговата партија УКИП.