Ослободени се 43 заложници што беа киднапирани од вооружен човек во банка во грузискиот град Зугдиди.
Како што соопштија од грузиското Министерство за внатрешни работи напаѓачот побегнал, а со себе земал и тројца заложници.
Инцидентот се случи во текот на вчерашниот ден, кога неидентификуваниот вооружен маж упадна во филијала на Банката на Грузија и зеде заложници.
Според локални медиуми тој барал половина милион долари.