Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.079.978 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 58.110, а оздравеле 227.668 луѓе.
Њујорк го забележа најтешкиот ден од почетокот на епидемијата на коронавирусот со 562 починати за 24 часа, а вкупно во САД, за истиот период, починати се 854 лица.
Француските здравствени служби објавија нови 1120 смртни случаи на корона вирусот во последните 24 часа, со што бројот достигна 6.507. Околу 83 отсто од починатите се на возраст повеќе од 70 години. Франција бележи раст на починати од новиот вирус веќе трет ден по ред.
Веднаш зад Франција и САД по број на починати во изминатото деноноќи е Италија со 766 лица, а потоа следи Шпанија со 587 лица починати од корона вирусот во еден ден.