Свет

Загинати пет лица во бура во САД – се очекува торнадо (ФОТО)

Загинати пет лица во бура во САД – се очекува торнадо (ФОТО)

Во бурата која го зафати североисточниот дел на САД загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и едно девојче, а речиси половина милион луѓе останаа без електрична енергија.

Еј-Би-Си јави дека тој дел на САД е зафатен од бура, поплави, град и ветер кој дува со брзина од 130 километри на час, а метеоролозите предупредуваат на можна појава на торнадо.

Во сојузната држава Њујорк загина 11-годишно девојче, откако врз неа падна дрво, а во инцидентот повредена е и нејзината мајка. Во градот Њујбург дрво падна врз возилото на една жена, која подоцна им подлегна на повредите. Во Данбери, Конектикат едно лице загина откако дрво падна врз камион, а откорнато дрво беше причина за смртта и едно лице во Њу Ферфилд во Конектикат и на 31-годишен маж во Поконос.

Голем дел од жителите на Пенсилванија, Њујорк, Њу Џерси и Конектикат вчера останаа без електрична енергија.

Метеоролозите издадоа предупредувања за нов бран поплави за подрчјето на Вашингтон и Балтимор.

Поради временските услови, запрена е работата на една од најпрометните железнички линии во североисточниот дел на земјата, а сите линии на метрото на север беа запрени поради урнати дрвја, што пак доведе илјадници лица да останат денеска заглавени на железничката станица „Гранд Централ Терминал“ во Њујорк.

Во градот Њубург беа затворени сите патишта поради непроодност, а во Брукфилд во Конектикат е прогласена „катастрофа во градот“, предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови.

МИА