Тричлена екипа од руски новинари загина во Централноафриканската Република, а нивните колеги велат дека снимале филм за руски платеници во земјата. Локалната полиција вели дека можеби биле жртви на грабеж.
Тројцата мажи се новинарот Орхан Џемал, режисерот Александар Расторгујев и снимателот Кирил Радченко. Џемал беше познат воен дописник, кој беше ранет додека известуваше од Сирија; додека Расторгујев доби повеќе награди за своите документарци. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се најдени прес-картичките со нивните имиња, додека роднините на мртвите рекле за медиумите дека ги идентификувале од фотографиите направени по нивната смрт.
Франс прес објави дека мажите биле нападнати кај блокада на пат 23 километри од централниот град Сибут, кој се наоѓа во една од најсиромашните и најнестабилни земји во светот, поделена помеѓу завојувани територии. Извор од локалната полиција изјавил за новинската агенција Интерфакс дека засега за мотив за нападот се смета грабеж.
Трите тела биле пронајдени покрај автомобил изрешетан од куршуми.
Не се знае на каква задача биле новинарите. Колеги и пријатели на загинатите рекле дека екипата известувала за приватната руска воена компанија позната како Вагнерска група, објави