Свет 18. декември 2019. / 17:30

Загинаа двајца тинејџери, вработени во МекДоналдс во Перу – компанијата ги затвори сите ресторани во земјата

Загинаа двајца тинејџери, вработени во МекДоналдс во Перу – компанијата ги затвори сите ресторани во земјата

Сите ресторани на „МекДоналдс“ во Перу се затворени поради дводневна жалост, откако двајца млади вработени настрадаа од струен удар во главниот град Лима.

Александра Порас Инга (19) и Габриел Кампос Запата (18) настрадале во ноќна смена додека ја чистеле кујната.

Њујорк тајмс“ пишува дека двајцата настрадале од краток спој на „залутан“ струен кабел.

Полицијата соопшти дека Инга претрпела струен удар од апаратот за пијалоци, а Запата откако се обидел да и помогне.

Демонстранти се собраа во Лима со барање да се подобрат безбедносните услови на работните места.

„МекДоналдс“ може да биде казнет со 56.000 долари доколку перуанската агенција за безбедност на работното место – Сунафил, утврди дека компанијата е одговорна за нивната смрт.