Свет 13. февруари 2018. / 14:38

Загина уште еден Албанец во Сирија

Загина уште еден Албанец во Сирија

Уште еден Албанец загина на боиштата во Сирија, со што бројот на загинати борци од Косово достигна до 76.

Загинатиот е Бетим Ибрахимај од општина Истог. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата сопруга која исто така беше со него во Сирија.

Таа телефонски ги известила родителите на загинатоиот, дека неговиот син загина во борбите во Сирија.

Смртта на загинатијот ја потврдија и од косовската полиција, но поради ситуацијата во Сирија немаат некаков документ за тоа.