Во пад на помал авион при слетување на аеродромот во Сао Паоло загина пилот, а сите шест патници преживеаја.
Пилотот се здоби со изгореници во пожарот и починал додека спасувачите стигнале на местото на несреќата, соопшти протипожарната служба, пренесе агенцијата Ројтерс.
Здравствената состојба на преживеаните патници не е соопштена.