Свет

Загина американски маринец во судар на воени авиони

Загина американски маринец во судар на воени авиони

Американски маринец загина во судар на два воени авиони во близина на Јапонија.

Еден од спасените маринци по сударот е во лоша состојба , а вториот е прогласен за мртов по сударот на два воени авиони , кои паднаа во морето во близина на јапонскиот брег по случајниот судар.

Во водите во близина на јапонскиот брег и натаму се трага по уште петмина маринци, по несреќата која се случила под засега неразјаснети околности.

Се претпоставува дека авионите се судриле за време на вежбата за полнење гориво од авионот- цистерна Херкулес во борбениот Ф-18 Хорнет.