Свет 17. јуни 2020. / 09:28

Забраната за поминување на американските граници со Канада и Мексико продолжена до 21 јули

Забраната за поминување на американските граници со Канада и Мексико продолжена до 21 јули

САД ги продолжуваат рестриктивните мерки за поминување на државните граници со Канада и со Мексико до 21 јули.

Продолжувањето на мерките за нови 30 дена го објави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ние ја продолжуваме борбата против Ковид-19 – посочи Трудо.

Канадско-американската граница требаше да биде отворена во април, но досега двапати се продолжени граничните мерки и пред најновата одлука важеа до 21 јуни.

Истовремено, САД се согласија со Мексико до 21 јули да ја продолжат забраната за патувања кои не се неопходни по копнен пат меѓу двете земји.

Рестрикциите остануваат исти откако се воведени на 21 март. Двете земји ќе продолжат да ги координираат санитарните мерки на границата. Мерките остануваат во сила до 21 јули – соопшти мексиканското Министерство за надворешни работи.