Премиерката на Шкотска, Никола Старџен во саботата најави забрана за патување меѓу Шкотска и остатокот од Велика Британија, поради зголемената загриженост за новиот вид на коронавирус.
-Се соочуваме со многу сериозна ситуација. Тоа е веројатно најсериозната и потенцијално опасна точка со која се соочивме од почетокот на пандемијата со ковид-19 во февруари и март. Тоа значи дека треба да постапуваме соодветно, рече Старџен по состанокот во кабинетот за итни случаи.
Новата варијанта на коронавирусот се чини дека е 70% повеќе пренослива од оригиналниот вид и сега е доминантен вид во Велика Британија.