Свет 01. јануари 2021. / 22:14

Заболен од новиот вид на коронавирус регистриран и во Франција

Заболен од новиот вид на коронавирус регистриран и во Франција

Првиот случај на новиот вид коронавирус, идентификуван во Јужна Африка, е откриен во Франција, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Јужноафриканскиот вид, како и британскиот, е полесно пренослив.

Новиот вид коронавирус е потврден кај маж кој се вратил од Јужна Африка и живее во департманот Горна Рајна во близина на границата со Швајцарија, наведе Министерството.