Свет 24. ноември 2019. / 19:47

За време на лет почина копилот во патнички авион

За време на лет почина копилот во патнички авион

Патнички авион денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, на југот од Русија, откако за време на летот му се слошило на копилотот, кој потоа и починал за време на слетувањето, информира регионалната итна служба.

„Авионот полетал од московскиот аеродром Шереметјево, а околу 10 часот по локално време му се слошило на вториот пилот. Веднаш било побарано принудно слетување, а копилотот (49) починал во текот на слетувањето, наведе службата за руската агенција Тасс.

Авионот на компанијата „Аерофлот“ летал од Москва за Анапа, а руските власти отворила истрага за инцидентот.