Свет 23. јануари 2020. / 10:59

За вакцина против корона вирусот ќе треба најмалку една година

За вакцина против корона вирусот ќе треба најмалку една година

Научниците веќе го одвоија и објавија геномот на вирусот, што им овозможи на неколку организации во светот да почнат да работат на вакцината, објави Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Директорот на Сојузот, Сет Беркли изјави дека експертите не знаат доволно за епидемиологијата на новата болест за да можат правилно да го проценат ризикот во овој момент.

– Потребни се неколку месеци пред да се спроведат првите клинички испитувања и најмалку една година пред вакцината да биде достапна за употреба, вели Беркли смирувајќи дека вакцините што би заштитиле од корона вирусот е многу полесно да се развијат отколку оние за болести како што се маларија или ХИВ.

Во Кина, бројот на заболени од корона вирусот се искачи на 517, а 17 лица починаа, соопштија кинеските власти. Светската здравствена организација денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус кој се шири од Кина.