Секое утро се будиме со згрчени прсти, вкочанети како канџи, а нашиот дневен распоред го диктираат закажани прегледи кај лекари, терапии и ниво на умор кој ќе не стигне. Некои од нас не можат да се вратат на работа зошто се уште се исцрпени, што значи дека и нам приходите ни се значително намалени.
Ваква е ситуацијата денес во семејството Фуско во Њу Џерси, кои веќе изгубиле пет члена поради корона вирусот и кои биле во агонија последните три месеци. Мајка, три деца и тетка ги загубија животите. Најмалку 19 други членови на семејството се заразени.
Џо Фуско (49) поминал 30 дена на респиратор и изгубил околу 30 килограми. Неговата сестра Марија (44) поминала 20 дена во кома во која имаше халуцинации кои сè уште ја прогонуваат денес. Кога се разбудила, дознала дека нејзината 10-годишна ќерка починала.
Сега, велат тие, сакаат да им помогнат на луѓето затоа што не сакаат никој да помине низ она што тие минуваат, така што сите учествуваат во разни клинички студии и испитувања.Секој четврток, Елизабет Фуско, најмалата од 11 деца, донира плазма, која потоа им се дава на заразените пациенти со надеж дека ќе го зајакне нивниот имунолошки одговор.
Знаеме дека ќе се случи уште еден бран, тој е неизбежен. Сакам да им помогнам на сите што можам – вели таа.
За потсетување, на 13 март Рита Фуско (56) стана втората личност што починала поради вирусот во Њу Џерси. До денес, има скоро 15.000 мртви.
Една недела подоцна, починаа и нејзината мајка Грејс (73) и двајцата браќа Кармине (55) и Винсент (53). Потоа, една недела подоцна, почина уште една сестра.
Нивната приказна, исто така, е важен потсетник за почитување на мерките за физичка оддалеченост, затоа што едно големо семејно собирање го пренело вирусот во семејството.
Џо Фуско се чувствувал болен утрото по тој собир. Неколку дена подоцна тој завршил во болницата, а неговата борба траела 44 дена.
И Елизабет Фуско (42) и нејзината ќерка се заразиле, но за среќа, немале никакви симптоми. Но стравот, сепак, бил неизбежен. Нејзината ќерка е хронично болна, а тие веќе изгубиле многу членови на семејството, а многумина биле на респиратор.
Луѓето му говореа да се смирам. Како тоа да му го кажете на некој кој изгубил мајка, сестра, двајца браќа во рок од 7 дена? – вели таа.
Џо Фуско е бесен на сите кои вирусот не го сфаќаат сериозно.
Ме застрашуваат сите кои не се придржуваат до мерките, не носат маски, не одржуваат дистанца – вели тој.