Свет 01. април 2020. / 16:06

За само еден ден во Белгија има 1.189 заразени со корона вирус

За само еден ден во Белгија има 1.189 заразени со корона вирус

Здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани 1.189 нови случаи на заразени со корона вирусот во земјата.

Со тоа вкупниот број потврдени случаи се зголеми на 13.964, од кои 58 отсто се на северот на земјата, 29 отсто на југот, а 11 отсто во Брисел и околината. Два отсто од случаите се лица со резиденција во странство.

Во последните 24 часа се хоспитализирани дополнителни 560 пациенти, додека пак 436 можеле да ја напуштат болницата. Вкупниот број смртни случаи се искачи на 828, од кои 123 само во последните 24 часа, соопштија властите.

Што се однесува до капацитетот на интензивната нега на белгиските болници, засега се искористени 54 отсто.