Свет 06. август 2018. / 11:39

За само 14 часа, во Чикаго убиени пет и повредени 14 лица

За само 14 часа, во Чикаго убиени пет и повредени 14 лица

За само 14 часа во Чикаго се убиени пет лица, додека 14 се повредени. „Во градот имаше насилна ноќ. Дел од случаите се поврзани со конфликти помеѓу бандите во одредени делови“, соопшти шефот на патролната единица. Најстарото лице кое е рането е на возраст од 62 години, додека најмладиот има само 11 години.

Во последниве години, Чикаго се соочува со голем број престрелки меѓу бандите, за кои властите велат дека се намалени за 30 отсто од 2017 година.